Header image  
World Class power Solution  
 
 
   

Беннинг-ПСАМ

Историја и профил на компанијата

 

БЕННИНГ-ПСАМ  доо, Скопје е формирана во 2002 година, како приватна компанија со почетен интерес во индустријата за системи за напојување, како и за реконструкција и изградба на трансформаторски станици од среден напон.
На самиот почеток примарна активност беше инсталација на системи за напојување од производната линија на Benning GmbH, во АД Македонски Телекомуникации. Како што растеше компанијата, се воведоа промени во основната концепција и се отвори поле со работа во производство на мали уреди за напојување.

Во понатамошната фаза се продолжи со производство на тиристорски контролирани исправувачки системи со микропроцесорска единица THYSAT. Двете изведби се атестирани и сертифицирани во Р.Македонија. Иницијалната интенција беше комплетно да се покрие побарувачката на полето за системи за напојување на пазарот, па затоа портфолиото беше проширено и со УПС системи, батерии, дизел генератори. Во тој период компанијата прерасна во еден од водечките производители и понудувачи на системи за напојување на пазарот во Р.Македонија.
Прозводната линија на исправивачки системи е поделена во два типа:
TPSS ( Telecommunication Power Supply Systems)
TISB (Thyristor Rectifier for Stationary Battery)

 Со компанијата АД Македонски Телекомуникации беше склучен рамковен договор за набавка и инсталација за TPSS системи во 2005 година, и овој рамковен договор годишно се продолжува и сеуште е важечки. Во овој период имаме повеќе од 100 системи произведени и инсталирани во Р.Македонија.
Сите овие системи се екипирани со специјални системи за мониторинг, и се мониторираат од една точка кај корисникот. Бидејќи овој тип на мониторинг на уредите се покажа со голем бенефит за корисникот Македонски Телеком, беше побарано од нивна страна да се развие комплетен мониторинг систем за сите исправувачки системи во компанијата кои што и не беа од производство на Benning GmbH.
Ваков систем, (RMS 1000/2000),  се дизајнираше во нашата компанија и веднаш се отпочна со негова инсталација и имплементација. Покрај Македонски Телеком, како корисник на системите за напојување се јавуваат и МЕПСО, ЕСМ, каде што се испорачани повеќе од 40 системи за напојување. Исто така овие производи го најдоа своето место и надвор од Р.Македонија, како во Албанија и Косово.

Во 2006 година, беше склучен рамковен договор кој што е сеуште актуелен со Cosmofon AD (сегашен ОНЕ Телеком Словенија ) , втор по големина мобилен оператор во Р.Македонија. Овој договор е за инсталација за најразлични видови на системи за напојување, како и производство и инсталација на ниско-напонски кабинети.
Во 2008 година беа испорачани комплетни системи за напојување како и батерии за VoIP операторот , Global Communucation Network-Macedonia.
Исто така беше отпочнат проект за инсталација и пуштање во употреба на системи за напојување, Benning, во третиот мобилен оператор во Р.Македонија, ВИП Оператор Дооел.
Во истата година беше потпишан и раковен договор со ЕВН-Македонија за дистрибуција на исправувачки системи и батерии за нови трансформаторски станици, и за замена на старите.
Во текот на 2008 и 2009 година беа инсталирани повеќе од 30 целосни 48V системи за напојување со батерии, за IT центарот за ЕВН во КЕЦ и дирекцијата.

Според досегашното портфолио БЕННИНГ-ПСАМ може да се претстави како водечка компанија за пазарот во Р.Македонија за дистрибуција и инсталација на системи за напојување и батерии.

Во 2008 година БЕННИНГ-ПСАМ  потпиша договор за претставништво со компанијата Tekpan од Турција, за дистрибуција и продажба на кабинети.

Следните чекори кои што ги превзема компанијата се во областа на инсталација и реконструкција на трансформаторски станици од различни напонски подрачја. Почетоците  на ова поле беа уште во 2002 година заедно со партнерите од БИС Инженеринг. Ова беше ново подрачје во кое што се инсталираше примарна опрема за заштита/контрола и управување во средно напонските трафостаници. Дел од активноситите беа и развој и инсталација на кабинети со ниско напонска опрема, како и  кабинети за ДЦ дистрибуција. Како дел од овој проект беше и целосниот дизајн за изведената инсталација и реконструкција. Во изминатите неколку години беа комплетирани неколку проекти за ЕВН Македонија. Некои од овие проекти беа комплетен дизајн, инсталација и стартување на нови трафостаници, некои беа реконструкција на средно напонска опрема. Истото така на дел од обејктите беа и испорачани комплетни AC/DC разводни кабинети, како и  кабинети за контрола и заштита.
Во интерес на пресретнување и  учество на големи проекти и тендери во Р.Македонија во 2003 компанијата БЕННИНГ-ПСАМ заедно со компанијата БИС Инженеринг, со заеднички капитал ја формираа компанијата АМТЕХ ГеМ. Оваа компанија сега е претставник за GE Multilin и делува во полето на заштитни релеа и контролни системи.

 

Од почетокот на 2010 година, компанијата се инволвира подлабоко во полето на енергетиката како и проблематиката за обновлива енергија. Овие активности се раководат заедно со компанијата ХБ Солар Балкенерџи Доо. Оваа компанија е специјализирана за работа и монтажа на фотоволтаични системи и екстерт во Р. Македонија за обновлива енергија. Компанијата ХБ Солар Балкенерџи Доо е основана со заедничко македонски-германски капитал како ќерка фирма на ХБ солар Интернационал Гмбх Ритберг – Германија. Специјализирани во своите области на делување во текот на оваа година двете компании, Беннинг-ПСАМ и ХБ Солар Балкенерџи Доо, досега имаат наспатувано на неколку заеднички проекти во однос на инсталација на системи за напојување на соларна енергија.

 

Компанијата БЕННИНГ-ПСАМ секојдневно се стреми кон исполнување на својата мисија и визија, преку овозможување на квалитет и најдобри перформанси во полето на системите за напојување, автоматизација. Следејќи ги секогаш последните технолошки достигнувања, пратејќи ги правилата на квалитет и високо доверливи решенија, осигурувајки најголемо задоволство кај корисниците.
Во сегашно време може да ја претставиме компанијата БЕННИНГ-ПСАМ, која што е ISO 9001:2008 сертифицирана, како водечки бренд во индустријата на полето за системи за напојување.

 

 

 

 
Застапништва
   

 
    Сите права задржани. © 2010 Беннинг ПСАМ